Северна Македонија 30. членка на НАТО пред изборите во април

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска изрази уверување дека претстојните избори ќе ги организираме како 30. членка на НАТО Алијансата.

Северна Македонија ќе стане 30. членка на НАТО пред предвремените парламентарни избори, кои според договорот треба да се одржат на 12 април. Шпанската Влада, побара ратификација на Протоколот за членство по брза постапка, а претседателот на Парламентот кај нас Талат Џафери најави дека ратификацијата ќе биде ставена на дневен ред на последната собраниска седница на овој парламентарен состав, на 11 февруари.

Протоколот во нашето Собранието ќе биде ратификуван со одложено дејство, доколку до 11 февруари тоа не се случи во Шпанија. Процедурата во Шпанија, која е последната земја-членка, каде ова не е завршено, можеби нема да биде комплетирана пред распуштањето на Собранието во земјава. Вообичаено процедурите за ратификација во дводомниот шпански Параламент траат по шест месеци, а во брза постапка како, што побара Владата на премиерот Пендро Санчез за Протоколот за земјава, таа може да се скрати на три месеци.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска изрази уверување дека претстојните избори ќе ги организираме како 30. членка на НАТО Алијансата. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со последната 29-та ратификација на Протоколот за нашето членство во Алијансата која наскоро треба да се случи во Парламентот во Шпанија, а ќе следи и во нашиот Парламент,  изјави дека членството во најмоќниот воено-политички сојуз станува реалност како заеднички успех и резултат на одлучноста на граѓаните и на одговорните државнички политики изминатите две години.

Прочитајте и...  Расте бројот на заразени и починати лица од Ковид-19 во Грција

-Сигурна сум дека изборите ќе ги организираме како 30. членка на НАТО Алијансата и после 30 години вртење во место, после 30 години ветувања на многу политички елити, ќе ја имаме честа и одговорноста да сме биле тука кога е постигнат тој најголем успех. Мислам дека тоа ќе биде најголемиот плус, најголемиот резултат кој што дури и критичните граѓани ќе го поздрават со релаксација и здивнување. Долго време се плашевме дека на првата кривина нешто ќе се случи спротивно на нашите интереси. Покажавме дека ова го почнавме и за две и пол години го крунисавме со успех. Тоа е успех на Владата, меѓутоа тоа е пред се успех на нашата држава, рече Шекеринска.

Таа ги оцени како охрабрувачки последните вести од Шпанија дека на барање на новата Влада на Санчез ратификацијата на Протоколот ќе се одвива по итна постапка.

-Станува јасно дека нашиот приоритет е и приоритет на НАТО и на земјите членки на НАТО. Новоформираната шпанска Влада го пушти законот за ратификација во брза постапка, покажува дека го делиме приоритетот. Северна Македонија 30. членка на НАТО звучи гордо, но и моќно, безбедно, сигурно и стабилно. За нашата земја ова е историски, а за нас, генерациски успех. Тој претставува исполнување на стратешката цел на повеќе генерации. Тој успех значи и повеќе пари во економијата. Тоа го потврдија четирикратното зголемување на странските директни инвестиции,  последните движењата на берзата, 60.000 работни места и зголемените плати и пензии. Одговорноста на сите нас е оваа стратешка цел која ја постигнаве да ја чуваме во интерес на државата, на граѓаните, на денешните на следните генерации Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, рече Шекеринска.

Прочитајте и...  Моќен ураган ја погоди Москва (ВИДЕО)

Таа воедно предупреди на опасноста од заговарањето идеи за поништување или повторно отворање на Договорот од Преспа, без кој, нагласи, нема членство во НАТО, нема стопроцентна безбедност, стабилност, сигурни граници и обезбедена иднина.

-Политичките опции кои заговараат отворање, преотварање или укинување на договорот, носат опасност за  државата и создаваат сериозни проблеми за сите нас. Најновата намера или манипулација дека одредени политички сили ќе се обиделе да го ревидираат, повторно да го отворат за преговори Преспанскиот договор, токму во овие финални чекори до членство во НАТО е крајно неодговорно и опасно. Тоа го урива нашиот имиџ како држава, тоа ја урива довербата која во нас ја има не само Алијансата, туку и највлијателните земји членки. Без разлика дали овие наводи се манипулативни или сериозни, да се чепка во договорот од Преспа кој е склучен меѓу два соседа со силна поддршка на меѓународната заедница е исто како повторно овде на Балканот да се пали бурето барут, рече министерката за одбрана.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ на координација ќе одлучува дали ќе даде поддршка на двата предлог закони за основно и средно образование

Според неа, поништувањето на договорот би не вратило назад не години туку повторно децени во нова неизвеснот и изолација.

Владата на Шпанија завчера го одобри и го достави на усвојување во Парламентот протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Премиерот Санчез побара од Парламентот Протоколот да биде ратификуван по итна постапка имајќи предвид дека Шпанија е последна од 29-те членки на НАТО што тоа го нема направено.

– Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како сојузник во НАТО за прием на Северна Македонија во Алијансата, се вели во образложението на шпанската Влада.

Спикерот на македонското Собрание Талат Џафери вчера најави дека на 11 фервруари ќе закаже пленарна седница со единствена точка на дневен ред – ратификација на Протоколот за членство во НАТО. Доколку Шпанија до 11 февруари не го ратификува Протоколот, тогаш, посочија од неговиот кабинет, нашата ратификација ќе биде донесена со одложено дејство.

Прочитај повеќе

Џонсон: Доаѓа втор бран, се плашам дека е неизбежен

Османи: Нема да дозволам сопки и емоции да влијаат на патот кон ЕУ, верувајте во тоа

Слободен печат

Европската агенција за лекови го одобри дексаметазонот за лекување на коронавирусот

Николовски: Во борбата против корупцијата никој не смее да биде заштитен

Маријана Митровска

Нови рестрикции во Мадрид: Ограничен пристап до паркови и јавни места, како и собири до шест лица

Жителите на Шуто Оризари вечерва останаа без вода

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Детали за убиството во Загреб: Човекот кој го уби својот брат, ја убил и нивната мајка!

Децата во Канада ќе се тестираат со ново физиолошко средство за плакнење на грлото

Слободен печат

И Гостиварци излегоа на протес за цената на струјата

Силен земјотрес на Крит со јачина од 5.9 степени (ВИДЕО)

МИА Агенција

Потврдена нова странска инвестиција, ќе „вдоми“ 300 работници

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат