Северна Кореја: Бесните кучиња како Бајден со стап треба да се претепаат до смрт

Џо Бајден

Северна Кореја го нарече поранешниот американски потпретседател Џо Бајден „бесно куче“ кое треба со „стап да се претепа до смрт“, со што е продолжена хајката против политичките лидери за кои таа земја смета дека се непријателски настроени кон раководството во Пјонгјанг, пренсува „АП“.

Во коментарот на државната агенција КЦНА, се наведува дека Бајден, кој е учесник во трката за претседателските избори во САД, константно го навредувал достоинството на највисоките севернокорејски официјални лица, што како што истакнаа, заслужува немилосрдна казна.

Бајден во текстот се споменува само со неговото презиме и како потпретседател на САД во времето на Барак Обама.

Северна Кореја, во мај, Бајден го означи како „будала со низок коефициент на интелигенција“, откако тој во еден говор го нарече лидерот Ким Јонг-ун „тиранин“.

– Секој кој се осудува да го клевети достоинството на врховното водство на Демократската Народна Република Кореја никогаш нема да ја избегне немилосрдната казна – наведува севернокорејската агенција.

Во текстот се додава дека „бесните кучиња“ како што е Бајден можат да повредат многу луѓе, ако им се дозволи слободно да трчаат.

– Тие мораат да бидат претепани со стап до смрт пред да биде доцна – истакнува КЦНА.

„АП“ наведува, дека не е јасно кој од коментарите на Бајден предизвикал бес кај Северна Кореја.

Пјонгјанг често ги навредува странските лидери и политичари, најчесто поради нивните изјави за кои сметаат дека се навредливи за нивните лидери или непријателски кон нивната влада, наведува „АП“.

Така жртви на расистички и сексистички навреди беа поранешниот американски претседател Барак Обама и поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Гуен Хје, првата жена која раководеше со оваа земја.

Меѓутоа, честите навреди на сметка на Доналд Трамп, вклучувајќи дека тој е сенилен, се претворија во пофалби, откако неговите дипломатски напори кон Северна Кореја доведоа до три самити на двајцата лидери, вклучувајќи и едно ракување во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот