Северна Кореја за преговори со Сеул доколку постои взаемна почит

Знамиња на Северна Кореја и Јужна Кореја / Фото: marketwatch.com

Северна Кореја може да размисли за учество на меѓукорејскиот Самит, доколку тој се одржи со взаемна почит, порача денеска Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

– Верувам дека само во услови на правичност и взаемно почитување може да има непречена комуникација меѓу Северот и Југот и дека прашањата, како што се средбите на врвот меѓу Сеул и Пјонгјанг, тогаш би можеле да се решат, истакна Ким во соопштението, објавено од корејската агенција КЦНА.

Нејзината изјава доаѓа само еден ден откако Северна Кореја ги повика САД и Јужна Кореја да се откажат од она што се нарекува непријателска политика и двојни стандарди кон Пјонгјанг, пред формално да започнат разговорите за завршување на Корејската војна 1950-53 година.

Конфликтот заврши со примирје, но не со мировен договор, а јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во вторникот во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк го повтори својот повик за формален прекин на војната.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот