Северна Кореја тврди дека немаат ниту еден позитивен случај на Ковид-19, но се вклучува во трката за создавање на вакцина

Од почетокот на јули, само 922 луѓе во земјата со околу 25 милиони жители се тестирани за вирусот, изјави претставникот на СЗО во Северна Кореја, д-р Едвин Салвадор.

Официјални лица од Северна Кореја соопштија дека оваа земја се вклучува во трката за развој на вакцина против коронавирус, иако тврдат дека во оваа земја нема ниту еден потврден позитивен случај со Ковид-19.

Според севернокорејската Државна комисија за наука и технологија, клиничките испитувања на вакцината се веќе во тек и се води дебата за тоа како да се продолжи со третата фаза, која вклучува тестирање врз луѓето, пренесува „Си-ен-ен“.

Прашањето е зошто Северна Кореја, која има еден од најлошите здравствени системи на планетата и со децении се потпираше на Светската здравствена организација за снабдување на вакцини и имунизациja, троши време, пари и ресурси за развој на вакцина против коронавирус.

„Си-ен-ен“ проценува дека одговорот не е едноставен, но дека тоа е веројатно комбинација на страв од вирусот и обид да се убедат граѓаните на Северна Кореја дека лидерот Ким Џонг ун повторно ќе се соочи со предизвикот и ќе го заштити својот народ.

Северна Кореја е една од првите земји што го сметаат Ковид-19 како сериозна закана и постои добра причина за тоа – повеќето експерти веруваат дека нејзиниот здравствен систем не би издржал удар на пандемија.

Многу медицински институции во Северна Кореја немаат сигурно снабдување со електрична енергија или проточна вода, наведува „Си-ен-ен“.

Медицинската опрема честопати недостасува, а тестовите за коронавирус исто така се чини дека се проблем.

Од почетокот на јули, само 922 луѓе во земјата со околу 25 милиони жители се тестирани за вирусот, изјави претставникот на СЗО во Северна Кореја, д-р Едвин Салвадор, кој исто така соошти дека нема ниту еден позитивен случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот