Северна Кореја тестира ракети за да ја предупреди Јужна Кореја

Севернокорејското тестирање на новите ракети е замислено како „формално предупредување” на конкурентското развивање на оружје на Јужна Кореја и на плановите за воена вежба со САД, соопшти денеска Пјонгјанг.

Иако Северна Кореја упати остри зборови до Јужна Кореја, во соопштението не се нападнати САД, што беше карактеристично за претходните соопштенија.

Во соопштението се наведува дека Пјонгјанг е лут поради тоа што Сеул купува американски воени авиони и поради плановите за одржување на заедничка воена вежба на Јужна Кореја и САД.

Во меѓувреме, Армијата на Јужна Кореја наведе дека податоците за летот на ракетите лансирани вчера покажале сличности со руската „Искендер”, ракета со краток дострел.

Се претпоставува дека севернокорејската верзија би можела да стигне до Јужна Кореја и 28.500 американски војници, кои таму се стационирани и би било исклучително тешко да се пресретне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот