Северна Кореја со заострени мерки поради пандемијата на коронавирус

 Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нареди заострување на државните системи за итни мерки против коронавирусот поради глобалната пандемија. Наредбата ја даде додека претседаваше со состанокот на политбирото на владејачката Работничка партија, соопшти денеска државната новинска агенција КЦНА.

Средбата следеше во услови на економска и политичка несигурност во врска со глобалната пандемија на коронавирус што врши дополнителен притисок врз севернокорејската економија, веќе оптоварена со меѓународните санкции насочени кон запирање на нејзината нуклеарна програма.

Појавувајќи се по првпат во јавност во последните 27 дена, Ким ја истакна потребата од воведување на тревога и засилување на анти-епидемиските мерки.

Северна Кореја тестираше повеќе од 12.000 лица и не пријави потврдени случаи на коронавирус од почетокот на ноември, според Светската здравствена организација.

Вкупно 6.173 лица, од кои осум странци, беа откриени како сомнителни случаи, а 174 лица беа ставени во карантин во последната недела од октомври, соопшти СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот