Северна Кореја: Шест европски земји глумат куче чувар на САД

Севернокорејскиот амбасадор во ОН, Ким Сонг изјави денеска дека денуклеаризацијата не е на преговарачка маса со САД и не се потребни долги преговори со Вашингтон.

Белгија, Естонија (членка од јануари), Франција, Германија, Полска и Велика Британија, исто така предупредија за нуклеарната програма на Северна Кореја во изјавата дадена по затворениот состанок на Советот за безбедност, што се одржа на нивно барање.

Параноја кај Европејците

-Тоа е уште една сериозна провокација против Северна Кореја, додека таа го остварува своето право да ги зајакне националните одбранбени способности- вели амбасадорот на Северна Кореја, Ким Сонг.

-Додека овие шест европски земји последниве месеци создаваат многу проблеми во улогата на чувар куче на САД, ние само може да се запрашаме што добиваат за возврат- додаде тој.

Северна Кореја смета дека американскиот „тековен и содржински дијалог“ е „трик за заштеда на време“

– Веќе не се потребни долги преговори со САД, бидејќи денуклеаризацијата веќе не се наоѓа на дневен ред на разговорите, истакна Сонг.

Тој оцени и дека „суштинскиот” дијалог што го бараат САД претставува „само трик” за да се добие на време, што е согласно американската политичка агенда.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот