Северна Кореја се закани дека ќе продолжи со нуклеарни проби

Ракети / Фото: EPA-EFE/KCNA

Северна Кореја денеска соопшти дека општата осуда за нејзините тестирања на балистички ракети ги смета како „голема провокација” и се закани дека ќе продолжи со нуклеарни и ракетни тестови.

„Нашето трпение има граници, а осудата ја наведува Северна Кореја да се преиспита дали да го продолжи разоружувањето што го почна со цел да гради доверба со САД“, се наведува во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Европските земји во Советот за безбедност на ОН го осудија неодамнешното тестирање на балистичките ракети на Северна Кореја.

Нуклеарните преговори меѓу САД и Северна Кореја завршија минатиот викенд без успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот