Северна Кореја се откажа од квалификациите за СП 2022

epa01757005 North Korean football fans support their team at a World Cup qualifying match against Iran at the Yanggakdo Stadium in Pyongyang, North Korea, 06 June 2009. The match ended 0-0, leaving both teams uncertain of a place in the 2010 World Cup Finals in South Africa. North Korea has not qualified for the finals since 1966, when it recorded a famous victory over Italy. EPA/BILL SMITH

Фудбалската федерација на Северна Кореја (ПРКФА) ја извести Азиската федерација (АФЦ) дека нејзината репрезентација нема да учествува во вториот круг од квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.
Оваа вест ја потврди портпарлот на Фудбалската федерација на Јужна Кореја, Ли Џае-чул.
– Претставниците на ПРКФА не известија дека поради страв од коронавирусот нема да дозволат нивната репрезентација да учествува во втората рунда во квалификациите – изјави Ли Џае-чул за Ројтерс.

Оваа одлука на ПРКФА доаѓа само еден месец по одлуката на Олимпискиот комитет на Северна Кореја кој соопшти дека нивните спортисти нема да учествуваат на Олимписките игри во Токио, исто така поради страв од коронавирусот.

Видео на денот