Северна Кореја прогласи крај на пандемијата, но лидерот Ким го тресе грозница

Коронавирус во Северна Кореја
Коронавирус во Северна Кореја / Фото EPA-EFE/KCNA

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун прогласи победа во борбата против коронавирусот три месеци откако соопштија за првиот случај на заболено лице.

Во извештајот на државната агенција КЦНА, се наведува дека Ким наредил укинување на вонредните мерки воведени за борба со епидемијата.

Минатата недела севернокорејските власти објавија дека сите пациенти со симптоми на таа вирусна треска закрепнале, што го означува крајот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот што избувна кон средината на мај.

Ким беше цитиран дека кампањата против вирусот е завршена, но дека Северна Кореја мора да остане будна и ефикасно да ги следи пограничните области.

Во меѓувреме, сестрата на Ким, Ким Јо-чан, на истиот состанок рече дека и самиот севернокорејски лидер имал симптоми на треска, додавајќи дека избувнувањето е предизвикано од пропагандни летоци против Северна Кореја дистрибуирани од Јужна Кореја, предупредувајќи дека како одговор „ ќе бидат преземени смртоносни одмазднички акции”.

„Дури и тешко болен со висока температура, тој не можеше да легне ниту една минута бидејќи постојано размислуваше за луѓето за кои требаше да се грижи до крајот во војната против епидемијата”, рече таа во пофалбата до нејзиниот брат за неговите напори.

Земјата нема пријавено никаква болест или сомнителни случаи поврзани со избувнувањето речиси две недели. Не е јасно колку инфекции на Ковид-19 имало регистрирано земјата вкупно.

Меѓународно изолираната нација првпат официјално ги потврди инфекциите со коронавирус во средината на мај и дека се соочува со епидемиска вонредна состојба. Оттогаш се зборуваше за „случаи со треска”. Според сопствените бројки на земјата, од крајот на април се регистрирани скоро 4,8 милиони вакви случаи. Имаше 74 жртви, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот