Северна Кореја планира да го укине мораториумот за нуклеарни и ракетни проби

Ракети / Фото: EPA-EFE/KCNA

Северна Кореја денеска најави дека би можела да ја прекине својата 20-месечна суспензија за нуклеарни и ракетни проби заради американско-јужнокорејските воени вежби, што ги доживува како подготовка за евентуална инвазија.

Претстојните редовни летни воени вежби на САД и Јужна Кореја ќе ја присили Северна Кореја повторно да размисли за тоа дали да се посвети на ветувањата што ги има дадено кон САД, соопштија официјални претставници на оваа земја, пренесени од американските медиуми.

Во соопштението се наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп, во текот на првиот и третиот состанок со лидерот Ким Џонг Ун, ветил дека ќе ги прекине воените вежби со Јужна Кореја, но планираните летни воени вежби со Сеул и распоредувањето оружје на југот покажуваат дека Вашингтон не го исполнува својот дел од ветувањето.

Со оглед на фактот дека САД еднострано ги отфрлија своите обврски, постепено го губиме оправдувањето да продолжиме со обврските кои ги презедовме во договорот со него,  се наведува во соопштението кое го пренесе официјалната севернокорејска агенција КЦНА.

Во соопштението уште се наведува дека Северна Кореја не е обврзана со никакви законски документи да ги прекине своите нуклеарни и ракетни тестирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот