Северна Кореја не дозволи одржување на годиншнината од самитот на двајцата корејски претседатели

EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Во селото Панмунџон во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров денеска се одржа церемонија со која се одбележа една година од историскиот самит помеѓу јужнокорејскиот претседател и севернокорејскиот лидер, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун.

Но, церемонијата беше бојкотирана од страна на Пјонгјанг. Северна Кореја преку соопштение предупреди на растечката опасност од војна и го повика Сеул поактивно да работи на подобрување на односите.

Во тек е создавање на сериозна ситуација која би можела да доведе до враќање на минатото и до ризик од претстојна катастрофа поради растечката опасност од војна. За таквата ситуација одговорни се притисоците од САД врз Јужна Кореја, се наведува во соопштението на севернокорејскиот Комитет за мирна реунификација на земјата, задолжен за односи помеѓу Северна и Јужна Кореја.

На церемонијата присуствуваа околу 500 луѓе, помеѓу кои и дипломати и јужнокорејски претставници, а ги забавуваа јужнокорејски, кинески, американски и јапонски музичари.

„Ова е нов пат и по него треба да тргнеме сите заедно, понекогаш треба да ги почекаме тие кои побавно напредуваат.“ изјави Мун во видео-пораката што беше емитувана на церемонијата.

На 27 април минатата година Панмунџон се сретнаа Мун и Ким, со што беше отворен патот за средба на севернокорејскиот лидер со американскиот претседател Доналд Трамп во јуни во Сингапур.

Но, една година подоцна не е остварен никаков напредок за нуклеарниот и балистичкиот арсенал на Северна Кореја. Дипломатскиот процес најверојатно е во застој по неуспешниот втор самит на Ким со Трамп во февруари во Ханој.

Ким во неодамнешниот говор пред Врховното народно собрание изјави дека Јужна Кореја не треба да се претставува како посредник или некој кој интервенира помеѓу САД и Северна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот