Северна Кореја лансираше нова ракета

Фото: Принтскрин

Северна Кореја утрово лансираше проектил, кој, според јужнокорејските власти, најверојатно е балистичка ракета со кус дострел.

Лансирањето на ракетата имало за цел да го провери капацитетот на новиот тип ракети со кус дострел, која Северна Кореја сама ја разви, како и заради искажување протест поради заедничките вежби на Вашингтон и Сел овој месец, се наведува во соопштението на претседателството на Јужна Кореја.

Јужнокорејската војска утрово соопшти дека Северна Кореја лансирала два неидентификувани проектили во морето, недалеку од својот источен брег. По испукувањето на ракетата, во Сеул е одржана средба на првите луѓе на разузнавачката и на безбедносната агенција, како и Министерството за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот