Северна Кореја ја пофали одлуката на Трамп за воведување на нов метод во преговорите

Северна Кореја ја поздрави сугестијата на американскиот претседател Доналд Трамп за „нов метод“ во нуклеарните преговори на Вашингтон со Пјонгјанг и ја пофали одлуката на претседателот за отпуштање на поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон.

Преговорите со месеци стоеја во место поради несогласувањата во врска со олеснувањето на санкциите и чекорите за разоружување. Во мај, Северна Кореја соопшти дека нема да ги продолжи разговорите, додека САД инсистираа на еднострано разоружување.

Во изјавата објавена од државните медиуми, севернокорејскиот дипломат Ким Мијонг Гил, кој ќе ги води планираните разговори на работно ниво со Вашингтон, рече дека односите ќе се водат „од попрактично гледиште“ сега кога Болтон го нема.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, изјави дека е оптимист во врска со повторното започнување на преговорите, кои би можеле да продолжат за неколку недели.

Пјонгјанг во неколку наврати бараше Вашингтон да го преиспита својот став по неуспешниот самит меѓу двете страни што се одржа во февруари во Ханој.

Болтон инсистираше дека Северна Кореја треба да го следи либискиот пример за денуклеаризација, со целосно елиминирање на својата нуклеарна програма однапред, во можен договор со Соединетите Држави.

Разоружувањето на Либија во 2004 година Пјонгјанг го смета за длабоко провокативна споредба затоа што либискиот автократ Моамер Гадафи беше убиен по воената акција поддржана од САД во неговата земја седум години откако се откажа од нуклеарната програма.

Во средата Трамп рече дека коментарите на Болтон ја уназадија Америка во преговорите со Северна Кореја, додавајќи дека можеби нов метод би бил добар.

Ким истакна дека не е целосно сигурен што значат коментарите на Трамп за нов метод, додавајќи дека тој веројатно мисли на решение до кое ќе се стигне чекор по чекор, почнувајќи со оние прашања што се изводливи додека се гради доверба меѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот