Северна Кореја го смета Трамп за „сенилен старец“

Северна Кореја се заканува дека ќе продолжи со навреди кон американскиот претседател Доналд Трамп и ќе го смета за „сенилен старец” доколку продолжи да користи зборови кои ја провоцираат земјата.

Тоа го изјави првата севернокорејска потпретседателка за надворешни работи Чо Сон Хуи неколку дена откако Трамп зборуваше за евентуална воена опција против таа држава и продолжи да го нарекува нејзиниот лидер Ким Џонг-ун „ракетен човек”.

Чо истакна дека нејзиното Министерство „не може да го прикрие своето незадоволство” поради коментарите на Трамп. Таа оцени дека Трамп, доколку продолжи со таквите коментари и провокации на сметка на Северна Кореја, „повторно ќе покаже дека е сенилен старец”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот