Северна Кореја ги прекршила санкциите на ОН, продолжила да развива нуклеарна програма и балистички ракети

Во извештајот на 67 страници, во кој британските медиуми имале увид, се наведува дека Северна Кореја противправно увезувала рафинирана нафта и извезувала јаглен во вредност од 370 милиони долари, користејќи ги кинеските баржи (риморкери).

Северна Кореја минатата година продолжила да ја развива својата нуклеарна програма и балистички ракети, со што ги прекршила санкциите на Обединетите нации, јавија британските медиуми, повикувајќи се на доверлив извештај на светската организација.

Во извештајот на 67 страници, во кој британските медиуми имале увид, се наведува дека Северна Кореја противправно увезувала рафинирана нафта и извезувала јаглен во вредност од 370 милиони долари, користејќи ги кинеските баржи (риморкери).

Станува збор за извештај упатен до комитетот на Советот за безбедност на ОН за надгледување на санкциите кон Северна Кореја , што следниот месец треба да биде објавен.

„Во текот на 2019 година Демократска Народна Република Кореја не ги прекина своите противправни нуклеарни програми и развојот на балистичките ракети што продолжи да ги развива, што претставува кршење на резолуцијата на Советот за безбедност”, се оценува во извештајот на независните набљудувачи на Советот за безбедност.

Северна Кореја е под санкции уште од 2006 година, кои 15-члениот СБ на ОН во текот на годините ги засилуваше со цел да го спречи финансирањето на нуклеарната и програмата за разој на балистичките ракети, потсетувата британските медиуми.

Во извештајот се наведува дека санкциите не биле насочени проитв цивилите во Северна Кореја, но и се констатира дека тие имале „ненамерно влијание врз хуманитарната ситуација и хуманитарните операции во земјата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот