Северна Кореја ги одби вакцините на „АстраЗенека” од програмата КОВАКС

Северна Кореја/ Фото: ЕПА

Северна Кореја ги одби планираните пратки на вакцините против Ковид-19 на компанијата „АстраЗенека”, што беа организирани како дел од глобалната шема КОВАКС, поради загриженоста за несакани ефекти, соопшти денеска јужнокорејска невладина организација.

КОВАКС соопшти дека на Северна Кореја ќе и обезбеди речиси два милиона дози вакцини „АстраЗенека”, пренесоа британските медиуми.

Првата пратка со вакцини се очекуваше уште кон крајот на мај, но беше одложена поради долгите консултации, соопшти Јужна Кореја минатиот месец.

Според извештајот на Институтот за стратегија на националната безбедност (ИНСС), што е поврзан со јужнокорејската разузнавачка агенција, Пјонгјанг сега разгледува и други опции поврзани со вакцините

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот