Северна Кореја донесе Закон за забрана за пушење на јавни места

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Северна Кореја донесе закон со кој се забранува пушење на јавни места, со цел да се „заштитат животите и здравјето на луѓето” и да се обезбедат „повеќе културни и цивилизирани услови за живот”, пренесе новинската агенција „Кјодо“.

Пушењето ќе биде забрането во здравствените установи, во возилата за јавен превоз, во кината, во театрите, во училиштата, во продавниците. Законот беше усвоен на седницата на Собранието.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА објави дека контролата врз производството и продажбата на цигари ќе биде засилена, додека казни ќе бидат изречени за оние што го кршат законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот