Северна Кореја би можела да изврши нуклеарна проба помеѓу 16 октомври и 7 ноември

Северна Кореја/ Фото: ЕПА

Првата нуклеарна проба на Северна Кореја од 2017 година би можела да се изврши меѓу 16 октомври и 7 ноември, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на пратеници брифирани од Националната разузнавачка агенција (НИС).

Подготовките за нуклеарно тестирање се завршени во севернокорејскиот пробен тунел Пунгје-ри, каде од 2006 до 2017 година беа извршени шест подземни нуклеарни проби, објави јужнокорејската новинска агенција.

Времето на тестирањето најверојатно ќе биде одредено од настаните во Кина, главниот сојузник на Пјонгјанг, и САД, нивниот најголем ривал, додава Јонхап.

„Ако Северна Кореја изврши нуклеарна проба, тоа би можело да биде помеѓу 20-тиот Конгрес на кинеската Комунистичка партија на 16 октомври и среднорочните избори во САД на 7 ноември“, изјави за новинската агенција претставникот Јо Санг-Бум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот