Северна Кореја бара продолжување на дијалогот додека и натаму лансираат ракети

Фото: Принтскрин

Северна Кореја лансира два нови „проектила” денеска, само неколку часа откако им предложи на САД да продолжат со разговорите за својата нуклеарна програма, која е во ќор-сокак од февруари.

Два „проектила” беа истрелани од провинцијата Јужен Пјонган, во центарот на државата, во правец на Јапонското Море, објави командата на Јужнокорејската армија, без да даде други детали.

Јужнокорејската војска обично го користи зборот „проектил” за ракети со краток дострел.

Овој нов тест за оружје доаѓа неколку часа откако режимот на Северна Кореја објави дека е подготвен да ги продолжи преговорите со Вашингтон. Тие се во ќорсокак од февруари, кога Доналд Трамп и Ким Џонг-ун не успеаја да се договорат за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

– Сакаме да се сретнеме лице в лице со САД на крајот на септември, во време и место за кое можеме да се договориме – рече заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Чои Сон Хуи, во изјавата објавена вчера од официјалната новинска агенција КЦНА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот