Северна Ирска: Нема да дозволиме да не ОТСЕЧАТ од Британија

Најголемата политичка партија во Северна Ирска соопштила дека нема да дозволи тој британски регион да биде присилен да ги прифати прописите на Европската Унија по Брегзит.

Функционери од ЕУ и Ирска предложиле еден од излезите од проблемот за преговорите за Брегзит да биде создавање на „бекстоп“ само во Северна Ирска, кој би бил усогласен со прописите на Ирска, која е членка на ЕУ. Но, Демократската унионистичка партија, чии 10 членови на Парламентот ја подржуваат Владата на британскиот премиер Борис Џонсон, рекла дека ќе ги прифати законите на ЕУ само ако Собранието на Северна Ирска може да ги избере, што Ирска и ЕУ во минатото веќе неколку пати го одбиле.

– Нема да прифатиме одвоени аранжмани кои би не одвоиле од Велика Британија, рекол портпаролот на ДУП за Брегзит, Сами Вилсон.

Бидејќи британскиот премиер Борис Џонсон вети дека на 31 октомври, Британија ќе излезе од ЕУ – со или без договор – блокот во последните денови се фокусираше на „бекстоп“ само во Северна Ирска, како најдобра шанса да постигне договор пред да истече рокот. Тоа би вклучувало примена на различни правила за границата со Северна Ирска од остатокот на земји за да би се овозможило проток на роба преку ирската граница.

– Јазот помеѓу Велика Британија и ЕУ за разговорите околу Брегзит е многу широк и британските предлози за границата помеѓу Ирска и Северна Ирска се далеку од она што е потребно, рекол денеска ирскиот премиер Лео Варадкар.

– Јазот е многу широк, но ќе се бориме против опцијата без договор до последниот момент, но не по секоја цена – рекол тој.

Премиерот Варадкар додал дека ЕУ е спремна да разгледа алтернативни аранжмани, но смета дека тоа што засега може да се види е далеку од она што е потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот