Северна и Јужна Кореја ја обновија комуникацијата

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун/ Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Северна и Јужна Кореја се согласија да ги обноват каналите за комуникација, што беа прекинати, се наведува во соопштението на јужнокорејското претседателство.

Северна Кореја еднострано ги прекина официјалните канали за комуникација во јуни минатата година, откако го критикуваше испраќањето антисевернокорејски летоци од активисти на нејзина територија. Но, лидерите на двете земји разменија писма во април годинава.

Според Договорот, сите официјални канали за комуникација беа повторно отворени денеска во еден часот по Гринич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот