Северина во проблеми: Мора да плати казна поради објавена фотографија од синот

Северина Којиќ и Игор Којиќ се на раб на развод, пишуваат српските медиуми, иако хрватските судови велат дека такво барање сè уште не стигнало кај нив.

Северина и Игор Којиќ / Фото: Инстаграм @severina

Северина во Белград дошла кон средината на март за да го види синот Александар кого го има со српскиот претприемач Милан Поповиќ. Поради пандемијата на коронавирусот останала во Белград, односно во семејната куќа на нејзиниот сопруг и наводно таму ескалирале проблемите меѓу Севрина и Игор.

Северина и Милан Поповиќ / Фото: Драгана Кадиќ

„Игор на почетокот на врската беше навикнат Северина да заработува од настапите. Кога почна пандемијата, Северина престана да настапува, како и сите пејачи, а бидејќи има многу казни што треба да ги плати на судот, плус животните трошоци, кои секогаш паѓаат на неа, мораше да го скрати буџетот. Игор тогаш полуде“, тврди извор за српските медиуми.

Потоа, Северина се врати во Загреб, но кршењето на полицискиот час во Белград не се случиле спонтано, туку тие се последица на расправиите во семејството Којиќ, кои како што пишуваат српските медиуми, ги предизвикала пејачката.

Во меѓувреме Северина изгуби уште еден судски спор. На почетокот на април додека беше во Белград, пејачката ја прекрши привремената мерка која важи до завршување на парницата со поранешниот сопруг, а тоа е дека не смее да објавува фотографии од нивниот син.

Северина со синчето / Фото: Инстаграм @severina

За објавување на фотографија од синот Северина мора да плати околу 650 евра (5000 куни), а казната ќе се зголеми, и тоа двојно, секој следен пат кога фотографија од детето ќе се појави на социјалните мрежи. Сепак, тоа се случи.

Српските медиуми пишуваат дека според гласините, Игор ја обвинил Северина дека таа е виновна за сите нивни проблеми, и дека семејството ќе банкротира поради неа, на што таа му возвратила: „Сакаш пари? Па заработи!“

Потоа Северина се вратила во Загреб, а Игор останал да работи во Белград како фудбалски менаџер. Оља и Драган Којиќ наводно не го поддржале нивниот син во одлуката, велејќи му дека не може да ја остави сопругата во проблеми, но тој наводно е убеден дека донел правилна одлука.

Северина, Игор Којиќ и неговите родители Кеба и Олја / Фото: Инстаграм @severina

Пред неколку дена Којиќ ја избриша последната заедничка фотографија со Северина од својот профил. Јавно не и го честиташе ни роденденот минатиот месец, што досега беше „традиција“ на неговиот профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот