Северина во панталони кои се предизвик за секоја жена повторно покажа дека е чекор напред со трендовите! (ФОТО)

инстаграм

Кога е во прашање модата, хрватската пејачка Северина не е од оние жени кои секогаш играат на сигурно и нејзините модни комбинации најчесто се смели и секогаш одат чекор напред со трендовите.

Дури и во изолација, Северина остана верна на својот стил, а тоа го покажа минатиот викенд во своето шоу „Се-Ве-Те-Ве“ на Јутјуб, кога се појави во дури осум одлични и модерни изданија, додека со последната компинација ја покачи температурата на Инстаграм.

Северина објави слика на која позира во модел на панталони кои жените најчесто ги избегнуваат, а таа ги комбинираше само со мини-топ.

Во прашање се панталони од ластекс, поризична верзија од кожните панталони, кои не ги кријат недостатоците, туку дополнително ги нагласуваат, но згодната пејачка нема такви грижи.

Северина изгледа одлично во оваа облека и повторно го украде вниманието на своите следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот