Северина веќе не е Којиќ! На Инстаграм го избриша презимето на сопругот

Instagram

Пејачката Северина (47) ги изненади фановите на Инстаграм кога го избриша презимето Којиќ и продолжи да го користи името со кое ја започна својата кариера. Сплиќанката на Инстаграм ја следат дури еден милион и 200.000 фанови, но таа го следи само нејзиниот сооруг, Игор Којиќ.

Овој потег не можеше да помине незабележано кај нејзините фанови и во медиумите. Веднаш почна да се шпекулира дека нешто не е во ред меѓу брачниот пар.

Ваквите шпекулации се засилија откако Северина се појави на едно доделување на награди без придружба на сопругот.

– Севе дојде сама да ја преземе наградата, што на сите им беше чудно бидејќи од Игор скоро никогаш не се разделува. Дека меѓу нив сè не е во ред, беше јасно откако ја прашаа каде е Игор, а таа само кратко одговори: „Не дојде со мене“ – рекол извор кој се затекнал на лице место, а пренесоа медиумите од регионот.

Инаку Северина неколкупати на социјалните мрежи нагласи колку добар однос има со свекорот и со свекрвата. Во Белград таа се фотографираше со нив, а со тоа се пофали и на социјалните мрежи.

– Оља и Драган, најдобрите свекрва и свекор на светот… Моето семејство во светот на неизвесноста, љубовта и поддршката. Прекрасно е што ги имам! – напиша Северина на Инстаграм.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот