Северина со провокатина фотографија им одговори на непријателите! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Минатите месеци порталите беа преполни со текстови за Северина Којиќ, која проживеа турбулентен период. Пејачката имаше многу успеси и падови на приватен план, со оглед на тоа дека не може да го гледа синот Александар колку што сака, таа наводно го прекрши полицискиот час во Белград, а сега се шират гласини дека ниту во нејзиниот брак не цветаат рози.

Сепак, Северина не им дава многу значење на коментарите и гласините, а сега на сето тоа одговори многу интересно- со провокативна фотографија и цитат од Фројд.

Пејачката објави фотографија на која позира во раскопчана бела кошула и напиша:

„Фројд рече: Пред самите да се дијагностицирате со депресија или ниска самодоверба, прво уверете се дека не сте само опкружени со идиоти“.

За оваа слика пејачката доби многу позитивни коментари и голема поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот