Северина со емотивна објава за својот син: Поминаа 20 месеци откако мојот син беше иселен од својот дом, каде што живееше мирно 7 и пол години
Северина на својот инстаграм-профил го одбележа тешкиот датум со емотивна објава – 20 месеци разделба од нејзиниот син Александар.
Бидејќи не смее да објавува фотографии од нејзиниот син, таа наместо тоа објави песна и им се заблагодари на своите обожаватели за поддршката.
„Поминаа 20 месеци откако мојот син беше иселен од својот дом, каде што живееше мирно 7 и пол години… Без прашања, грубо, истиот ден… И бегалците ги иселуваат со своите мајки… Во овие 30 години колку што пеам, повеќе луѓето ме објавуваат со своите деца отколку што јас објавив фотографии со моето дете. Не како Северина, туку како горда мајка. Тоа ми е забрането, па затоа ви поклонувам песна со девојчињата и момчињата од Загреб… Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Северина, и ги додаде хаштаговите „88 часа не се доволни“, „стоп за корупцијата“ и „роден мој“.
За потсетување, Северина на почетокот на јули повторно се сретна со својот поранешен сопруг Милан Поповиќ на суд. Тие се појавија во судот во Сплит, каде се одлучува за старателството над нивниот син Александар.
Поповиќ не даде никакви изјави по тој повод, додека Северина рече дека се надева дека ќе го гледа својот син почесто од секој втор викенд и половина од одморот, колку што сега го гледа, според судската одлука, и посочи дека верува дека овој случај е веќе договорен.