Северина со емотивна објава за својот син: Поминаа 20 месеци откако мојот син беше иселен од својот дом, каде што живееше мирно 7 и пол години

северина
Фото: Принтскрин/Instagram

Северина на својот инстаграм-профил го одбележа тешкиот датум со емотивна објава – 20 месеци разделба од нејзиниот син Александар.

Бидејќи не смее да објавува фотографии од нејзиниот син, таа наместо тоа објави песна и им се заблагодари на своите обожаватели за поддршката.

„Поминаа 20 месеци откако мојот син беше иселен од својот дом, каде што живееше мирно 7 и пол години… Без прашања, грубо, истиот ден… И бегалците ги иселуваат со своите мајки… Во овие 30 години колку што пеам, повеќе луѓето ме објавуваат со своите деца отколку што јас објавив фотографии со моето дете. Не како Северина, туку како горда мајка. Тоа ми е забрането, па затоа ви поклонувам песна со девојчињата и момчињата од Загреб… Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Северина, и ги додаде хаштаговите „88 часа не се доволни“, „стоп за корупцијата“ и „роден мој“.

За потсетување, Северина на почетокот на јули повторно се сретна со својот поранешен сопруг Милан Поповиќ на суд. Тие се појавија во судот во Сплит, каде се одлучува за старателството над нивниот син Александар.

ФОТО | Модна лекција од Северина: Во друштво на синот Александар, пејачката изгледа подобро од кога било

Поповиќ не даде никакви изјави по тој повод, додека Северина рече дека се надева дека ќе го гледа својот син почесто од секој втор викенд и половина од одморот, колку што сега го гледа, според судската одлука, и посочи дека  верува дека овој случај е веќе договорен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот