Северина прогласена за виновна за навреда на социјалната работничка, на суд откриено што ѝ рекла

Северина / Фото: Инстаграм/Северина

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ е неправосилно осудена со парична казна за прекршок од член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, поради навреда и омаловажување на социјална работничка минатата година.

Во членот 17 пишува: „Кој омаловажува или навредува државни органи, односно службеници за време на вршење на нивната службена должност или нивните законски наредби, се казнува за прекршок со парична казна во износ од 20 до 1.000 евра или затворска казна до 30 дена“.

Соработникот на Северина, Давор Гргин за хрватски „Индекс“ ја потрвдил информацијата дека е донесена неправосилна пресуда, но не сакал да дава дополнителни коментари во врска со случајот.

За потсетување, Северина според тужбата ја навредувала социјалната работничка од Центарот за социјални грижи-Максимир, во февруари минатата година. По случката, од Центарот за социјални грижи поднеле пријава за нарушување на јавниот ред и мир во Полициската управа во Загреб.

Според пријавата, пејачката се јавила во Центарот за социјални работи и „вербално и агресивно се однесувала кон социјалната работничка во предметот“.

Според сведочењето на социјалната работничка, Северина не бирала зборови во разговорот со неа.

Пејачката ја прашала социјалната работничка „со кое право ѝ испраќа друга социјална работничка на нејзината адреса да ја посети нејзината мајка“. Социјалната работничка во извештајот навела дека се обидела да ѝ објасни дека Центарот мора да постапи по секоја пријава за сомнително насилство што им ја доставил член на нејзиното семејство.

Социјалната работничка пред судот изјавила што ѝ рекла Северина.

– Меѓутоа, нејзе не ја интересира што има да се каже, туку продолжува: Да ви ја е..м мајката на сите, ова ме зае…., ова ме зае…. веќе девет години и сега е доста – навела социјалната работничка наведен во извештајот, пишува „Јутарњи.хр“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот