Северина по подолго време прозборе за сопругот Игор: Сега е јасно дали се разведуваат или не! (ФОТО)

Instagram
Северина и Игор Којиќ / Фото: Инстаграм @severina

Игор Којиќ денеска на 30-ти јули полни 33 години, а неговата сопруга, Северина Којиќ (48) му го честиташе роденденот со емотивна порака.

Иако со месеци наназад се шушкаше дека Игор и Северина се разведуваат, пејачката со објавата ги демантираше приказните за крај на бракот со синот на Драган Којиќ – Кеба.

Северина на својот профил на Инстаграм објави заедничка фотографија со Игор, на која позираат насмеани, а во описот на објавата му го честитала роденденот.

– На ова прекрасно суштество, Игор Којиќ среќно запловување на 33 обрти. Среќно, љубов – напишала Севе со хаштазите: „сакам што се сакаме“ и „на љубовта со љубов се враќа“.

Неколку пати брачниот пар Којиќ се отследуваше од Инстаграм, а пејачката неодамна одмараше во Сплит, а на фотографиите ниту трага, ниту глас од нејзиниот сопруг. Тоа беше доволно да ги подгрее гласините за развод.

Српските медиуми пишуваат: Северина го скарала семејството Којиќ, па побегнала во Загреб! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот