Северина објави ново видео: Погледнете што ја трогна пејачката! (ВИДЕО)

Пет дена пројдоа од нејзиниот концерт во сплитската Спаладиум Арена, но на Северина се уште не и спласнале емоциите од тој настап со кој ја отвори својата турнеја која продолжува овој викенд во Белград.

„Сум имала многу прекрасни концерти, но оваа песна и Сплит… Ова е најубавата глетка која некогаш сум ја видела на концерт. Ви благодарам…“, напиша покрај снимката од концертот на која целата Спаладиум Аренана на глас со неа ја пее нејзината најнова песна „Rođeno moje”, која му ја посвети на својот син Александар.

„Ова е голема и прекрасна песна во која може секој да се пронајде, секој родител, секој човек… Кога Милош ми ја испрати, во мене се излеа ерупција од емоции и веднаш отидов да ја снимам. Пораката на песната е безусловна љубов“, изјави претходно Северина.

Песната ја напиша долгогодишниот композитор Милош Рогановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот