Северина наскоро ќе има свои стикери на Вибер, видете какви!

принтскрин/Instagram

Иако многумина најавуваа крај на нејзината кариера, Северина повторно покажа дека е во чекор со трендовите. Таа е првата славна личност од Хрватска која оствари соработка со компанијата „Ракутен Вибер“ и лансираше сопствен пакет налепници (стикери).

На својот инстаграм-профил со фановите ја подели оваа вест и напиша коментар дека во четврток, на денот на промоцијата на нејзиниот нов албум „Ало“, налепниците на Вибер ќе бидат достапни за преземање во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија.

„Се надевам дека ќе уживате во нив и ќе ги делите со пријателите“, напиша пејачката на нејзиниот инстаграм-профил.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот