Северина ќе добие минималец од државата зашто и се намалиле приходите поради пандемијата

Instagram

Хрватската пејачка Северина ќе се најде на списокот на поединци и фирми кои ќе добијат помош од државата поради економската криза што ја зафати Хрватска, како и целиот свет, како последица на пандемијата на коронавирусот.

Во понеделник во Хрватска ќе биде објавен списокот на компании кои бараат исплата на минимална плата.

Вечерњи лист дознава дека и Северина ќе се најде на тој список. Професијата на Северина се води како самостојна, а пејачката пријавила дека приходот и паднал за повеќе од 20 проценти и таа побарала помош од владата за да и ја исплати платата.

Сите работодавци ќе добијат или веќе добиле 3250 куни (430 евра) за секој регистриран работник за март, пишува Јутарњи лист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот