Северина фрлала со живи јајца кон соседите: Пејачката пријавена во полиција

Instagram
Фото: Instagram

Сосед од Загреб ја пријавил пејачката Северина во полиција, бидејќи наводно фрлала со јајца кон него, пренесуваат хрватските медиуми.

Како што пренесува порталот 24сата.хр, соседот на Северина рекол дека свежи јајца „му се цеделе низ маицата и панталоните“, а тој случајот го пријавил во полиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Северина дала изјава во полиција, а како што е наведено понатаму, за време на интервенцијата пејачката изјавила дека „воопшто не знае за какви јајца зборува комшијата“ и дека за тоа време „ручала на маса со своето семејство“.

Сепак, нејзиниот сосед потврди дека и покрај овој случај тој и претходно имал проблем со пејачката.

„Некој ми ги извади брисачите од автомобилот. Се сомневам кој би можел да биде, но нема да кажам“, им се доверил на своите пријатели во една прилика истиот сосед, кој живее на Козјак, Загреб, на иста адреса каде што живее и пејачката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот