Сеул побара од Пјонгјанг дополнителна истрага за убиството на нивниот службеник

 Јужна Кореја денеска соопшти дека ќе побара од својот северен сосед дополнителна истрага за убиството на јужнокорејскиот службеник, откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вчера се извини за инцидентот.

Јужна Кореја соопшти дека доколку е потребно ќе побара и заедничка истрага со Северна Кореја.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во извинувањето за убиството на  јужнокорејскиот функционер наведе дека целта била да се спречи ширење на коронавирусот.

Британските медиуми наведуваата дека извинувањето стигна еден ден откако јужнокорејските власти објавија дека севернокорејските војници убиле маж, истуриле гориво врз него и го запалиле.

Во писмото испратено од Северна до Јужна Кореја се наведува дека претседателот Ким жали што ги разочарал јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и луѓето од неговата земја, и се надева дека инцидентот нема да ја наруши довербата меѓу двете земји и дека тој ќе го испита инцидентот, пренесе агенцијата Јонхап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот