Сеул и Вашингтон се согласни за поголеми издвојувања за американските трупи во Јужна Кореја

Знамиња на Северна Кореја и Јужна Кореја / Фото: marketwatch.com

САД и Јужна Кореја се согласија да ги зголемат средствата што треба да ги плати Сеул за американските трупи во Јужна Кореја за 13,9 проценти во 2021 година. Со тоа се става крај на повеќемесечниот ќорсокак што предизвика тензии во односите меѓу сојузниците, по барањето на  поранешниот претседател Доналд Трамп сумата за трошоците да се зголеми петпати.

Актуелниот претседател Џо Бајден се согласи да постигне брз договор за ова прашање преку Стејт Департментот.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен следната недела ќе отпатува во Токио и Сеул на состаноци за да ја потврди посветеноста на САД за зајакнување на сојузништвото, соопшти денеска Стејт департментот, најавувајќи дека и американскиот министер за одбрана Лојд Остин ќе му се приклучи на Блинкен.

Сеул потврди дека издвојувањата за американското воено присуство во Јужна Кореја ќе се зголемат годинава за 13,9 проценти и дека во текот на четирите години по ова, средствата ќе се зголемат пропорционално на зголемувањето на воениот буџет на Северна Кореја.

Сеул ќе плати околу 44 проценти од вкупните трошоци на американското воено присуство на Корејскиот Полуостров, не сметајќи ги платите на околу 28.500 воени и цивилни вработени ангажирани во Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот