Сетиен: Сакаме на теренот да ја освоиме Лигата на шампионите

twitter/Barça Watch

Тренерот на каталонскиот фудбалски клуб не сака преку службен пат да биде шампион на Шпанија..

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен учествуваше во видео конференција со својот тим, што се емитуваше на клупскиот канал.

Неговиот клуб се подготвува да се врати на тренинзите со надеж дека сезоната ќе заврши нормално како и во изминатите години.

Денеска започнуваат тестовите на играчите и очекувањата се следната недела играчите да започнат со индивидуални тренинзи.

– Не сакам да освојам титула на ваков начин, по службен пат. Општо е договорено дека доколку првенството не се заврши, ќе се земе во предвид сегашниот пласман на табелата – рече Сетиен.

До прекинот на сезоната во шампионатот водеше Барса со 58 бодови, два повеќе од Реал Мадрид, додека во Лигата на шампионите на првиот дуел од осминафиналето во Неапол одигра нерешено 1:1 со Наполи на Елиф Елмас, а останува да се види кога и дали ќе се одигра реваншот на „Камп Ноу“ и каква ќе биде одлуката на УЕФА.

– Вистина е дека сите сакаме да ставиме крај на првенството, да победиме на сите натпревари во „Ла Лига“ и да ја освоиме Лигата на шампионите – рече амбициозниот Сетиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот