Сетиен останува тренер на Барса, а наскоро нов договор за Меси!

фото: твитер

Првиот човек на каталонскиот клуб вели дека и следната сезона Кике Сетиен ќе биде на тренерската клупа.

Жозеп Марија Бартомеу воедно е сигурен дека со Барселона ќе продолжи и моментно најдобриот играч на светот, Лионел Меси.

Сетиен ќе ја води екипата во Лигата на шампионите. Неговата намера да остане тренер и следната сезона, а наша обврска е да се држиме до потпишаниот договор – рече Бартомеу.

Сетиен во јануари го замени Ернесто Валверде на клупата на Барса, но играта и резултатите не ги исполнија очекувањата на навивачите.

Тимот од „Камп Ноу“ моментно е второпласиран на табелата во „Ла Лига“ со бод помалку од најголемиот ривал Реал Мадрид кој има меч помалку, додека Барселона го очекува реванш осминафиналниот дуел со Наполи во Лигата на шампионите.

Бартомеу исто така ги убедува навивачите дека Меси ќе остане во клубот и наскоро ќе потпише нов договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот