Сетиен: Не се освојува шампионска титула надвор од теренот

фото: твитер

– Ова не е нормално, многу тешка ситуација за сите. Спортот едноставно сега не е во прв план – вели тренерот на Барселона.

Стратегот на каталонскиот гигант не сака да заврши сезоната во најсилната шпанска „Ла Лига“ надвор од теренот.

Барса до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот се наоѓаше на првото место на табелата во првенството со само два бода предност во однос на второпласираниот Реал Мадрид.

Шпанија е една од најпогодените земји од Ковид-19 и според Кике Сетиен спортот моментно е во втор план.

Ова не е нормално, многу тешка ситуација за сите. Спортот едноставно сега не е во прв план. Постои можност да ни го доделат пехарот без одигрување на останатите натпревари, а тоа не го сакаме. Сакаме титулата да ја освоиме на теренот. Не би се чувствувал како шампион, иако имаме два бода предност на врвот на табелата – вели тренерот на Барселона, Сетиен

Воедно смета дека тешко ќе се исполнат плановите на „Ла Лига“ за продолжување на сезоната (стопирана на 10 март), а Хавиер Тебас минатата недела истакна дека тоа може да се случи на еден од трите датуми – 29 мај, 7 јуни и 28 јуни 2020 година.

Претседателот на Федерацијата додаде дека доколку не се играат последните 11 кола, клубовите ќе загубат 1 милијарда евра во права на телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот