Сетиен ги откри причините за поразот од Реал!

фото: твитер

Стратегот на Барселона вели дека екипата не треба да се потпира целосно на квалитетите на аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси.

Во дербито од најсилното шпанско фудбалско првенство составот на Реал Мадрид на домашен терен со 2:0 ја совлада Барселона.

Каталонците ги пропуштија своите шанси пред паузата, а после тоа головите на Виничиус Жуниор и Маријано Дијаз им донесе успех на домаќините.

Стратегот на Барселона, Кике Сетиен ги истакна причините за поразот и истакна дека тимот не треба да се потпира целосно на квалитетите на Лионел Меси.

– Мислам дека одигравме силно прво полувреме, а Реал доминираше во второто. Дури и тогаш, не започнавме лошо, но во еден момент грешките при подавањата станаа почести. Мора да му честитаме на противникот за победата. Понекогаш е нормално да изгубите натпревар, во кој се обидувате да го надиграте противникот. Кога тимот е подложен на таков агресивен притисок, станува тешко. Затоа е неопходно да се оддаде почит на играчите на Реал Мадрид, рече менторот на Барса.

Според него, „Меси е исклучително важен играч, но не треба тимот да зависи само од него”.

– Тој не успеа да постигне гол и ние загубивме. Поразот е непријатен, но ние ќе го надминеме. Остануваат уште многу мечеви. Реал има бод повеќе од нас, но сè може да се сврти – додаде тренерот на Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот