-2 C
Скопје

Сет Кари позитивен на корона, цел тим на Филаделфија во карантин

Бекот на Филаделфија сиксерс, Сет Кари е позитивен на коронавирус, а веста ја дозна за време на натпреварот против Бруклин на кој не играше поради повреда.

Кари е тестиран во четвртокот, но тој до добивањето на резултатите седеше со клупските колеги за време на првата четвртина од дуелот со Бруклин. Сет Кари разговараше е со првата ѕвезда на тимот Џоел Ембид кога тој седна на клупата да се одмори, а по завршувањето на четвртината е известен дека е позитивен на ковид-19.

Тој веднаш ја напушти салата во Бруклин и замина во самоизолација, денеска сите кошаркари на Филаделфија ќе се тестираат и додека не ги дознаат резултатите, според корона протоколите на НБА лигата, целиот тим ќе мора да биде во карантин.

Прочитајте и...  И „Гардијан“ му симнува капа на Никола Јокиќ: Тој е вистинскиот ѕвер во НБА

Идниот натпревар на Филадефија на програмата е утре против Денвер, но засега нема информации дали тој натпревар ќе биде одложен.

Поврзани вести

ВИДЕО: Триумф на Наполи, десетина минути за Елмас

Слободен печат

Шоу на Кејн и Бејл за нов триумф на Тотенхем

Слободен печат

Барселона има нов претседател, Меси останува на „Камп Ноу“?

Слободен печат

Милинковиќ-Савиќ на лето од Лацио се сели во Јувентус?

Слободен печат

Коронавирус пред ол-стар натпреварот, двајца кошаркари го откажаа настапот

Слободен печат

Познат распоредот за третиот дел од сезоната во ПМФЛ: Вардар во првите две кола против Шкупи и Шкендија

Слободен печат

Остави Коментар