Сестрата на НБА ѕвезда ќе оди во затвор за убиство

фото: Twitter

Кимеша Монае Вилијамс е обвинета за грабеж и убиство и се соочува со долга затворска казна, објавија американските медиуми. Сестрата на двократниот НБА шамион, заедно со Кандес Таи Таунсел, во тоалетот на казиното Темекула во Лас Вегас, физичка ја нападнале 84-годишната Афаф Анис Асад.

Тие и го скршиле черепот ѝ и ја украле торбата во која имало помеѓу 800 и 1200 долари. Нападот се случил на 31 август, а Кимеша и Кандес се уапсени три дена подоцна. Несреќната Афаф почината на 4 септември како последица од тешките повреди на  главата.

Полицијата му предложи на обвинителството во Лас Вегас да не дозволи обвинетата Кимеша да се пушти со кауција бидејќи „има богато семејство кое може да плати милион долари за кауција“. Таа веќе била осудувана за мали и големи кражни, како и за обид за кражба.

Локалниот медиум Прес-Ентерпрајс откри дека Кимеша е сестра на Каваи Ленард кој минатата сезона триумфира во НБА лигата и летово се пресели во ЛА Клиперс. Тоа на медиумот им го откри нивната тетка Денис Вудвард но истакна дека не знае дали Ленард го контактирал семејството по апсењето на Кимеша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот