Сестрата на Мараја Кери ја тужи мајка ѝ: Ме тераше на секс за време на сатанистички обреди

Instagram

Постарата сестра на популарната пејачка Мараја Кери, Алисон, ја тужи нивната мајка Патриша за сексуално злоставување. Како што вели, мајка ѝ ја наведувала да има секс со странци кога имала само 10 години и ја принудувала да присуствува на сатанистички обреди, пишува The Sun.

Наводно, на обредите на кои ја водела среде ноќ, покрај тоа што гледала како се злоставуваат други деца, и самата Алисон била злоставувана. Како последица на тоа, таа вели дека пати од пострауматско пореметување и депресија.

– Ритуалите се изведуваа некаде помеѓу два и четири часот наутро и на нив присуствуваа и возрасни и деца. Не се одржуваа секоја недела, туку на одредени датуми – вели Алисон.

– Сите носеа црни качулки и се шетаа од едниот до другиот крај на просторијата. Кога почнуваше ритуалот, сите зборуваа на некој чуден јазик, мислам дека беше латински.

Сестрите се во кавга

Сестрите Мараја и Алисон не се во добри односи уште од деведесеттите, а Алисон уште порано признала дека се занимавала со проституција за да заработи. Некои пријатели на Мараја сметаат дека сестрата преку оваа тужба сака само да извлече пари од семејството.

Сепак, не е прв пат Алисон јавно да зборува за ова. Таа уште во 2018 г. во едно интервју опишувала сатанистички ритуал на кој присуствувала како дете.

Ниту Мараја, ниту нејзината мајка сѐ уште не се огласиле во врска со целата ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот