Сестрата на Мараја Кери ја тужи мајка ѝ: Ме тераше на секс за време на сатанистички обреди

Постарата сестра на популарната пејачка Мараја Кери, Алисон, ја тужи нивната мајка Патриша за сексуално злоставување. Како што вели, мајка ѝ ја наведувала да има секс со странци кога имала само 10 години и ја принудувала да присуствува на сатанистички обреди, пишува The Sun.

Наводно, на обредите на кои ја водела среде ноќ, покрај тоа што гледала како се злоставуваат други деца, и самата Алисон била злоставувана. Како последица на тоа, таа вели дека пати од пострауматско пореметување и депресија.

– Ритуалите се изведуваа некаде помеѓу два и четири часот наутро и на нив присуствуваа и возрасни и деца. Не се одржуваа секоја недела, туку на одредени датуми – вели Алисон.

Прочитајте и...  Марк Ентони изнесе непознат детаљ за Џенифер Лопез: Таа сакаше да се прикрадува и да ги прислушува своите вработени

– Сите носеа црни качулки и се шетаа од едниот до другиот крај на просторијата. Кога почнуваше ритуалот, сите зборуваа на некој чуден јазик, мислам дека беше латински.

Сестрите се во кавга

Сестрите Мараја и Алисон не се во добри односи уште од деведесеттите, а Алисон уште порано признала дека се занимавала со проституција за да заработи. Некои пријатели на Мараја сметаат дека сестрата преку оваа тужба сака само да извлече пари од семејството.

Сепак, не е прв пат Алисон јавно да зборува за ова. Таа уште во 2018 г. во едно интервју опишувала сатанистички ритуал на кој присуствувала како дете.

Ниту Мараја, ниту нејзината мајка сѐ уште не се огласиле во врска со целата ситуација.

Прочитајте и...  Мода во време на корона: Виртуелниот свет на „Еми“ наградите (ФОТО)

Прочитај повеќе

Почина „Мама Рамбо“, мајката на Силвестер Сталоне

Слободен Печат

Фаталната Саманта од „Сексот и градот“ зад себе има три пропаднати брака, а љубовта на својот живот ја најде по 60. година

Слободен печат

Разговор со Маргарита Арсова, координатор на „Синедејс“: „Филм на секое платно“ ги оживува старите заборавени кинолокации во Скопје

Јасмина Кантарџиева Димков

Водич за зимница: Стари рецепти од нашите баби за најдобри домати, пиперки и кисели краставички

Слободен Печат

Пријателките од „Пријатели“ на доделувањето на „Еми“: Цимерки сме од 1994 година!

Слободен печат

Марк Ентони изнесе непознат детаљ за Џенифер Лопез: Таа сакаше да се прикрадува и да ги прислушува своите вработени

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Дали може симптомите на ковид-19 да се појават и веднаш да исчезнат?

Слободен печат

Што кога на децата им е досадно? Еве неколку предлози

Слободен печат

Осум знаци на усните што ја откриваат здравствената состојба – од дијабетес до болести на црниот дроб

Слободен печат

Дневен хороскоп за 22 септември: Верувајте во себе и покажете им на сите дека знаете што сакате

Слободен печат

Виц на денот: Корона

Слободен печат

Избран е најдобриот филмски лик на сите времиња: Неговиот широк спектар на емоции, ги освои срцата на гледачите!

Слободен Печат