Сестрата на Мајкл Џексон преживеала вистински хорор – Татко ми ме силуваше, а мајка ми му велеше: Не, Џо, таа вечерва е уморна

Ла Тоја Џексон го изобличи своето лице со бројни пластични операции, но изгледот е само дел од тажната, хорор приказна која и се случувала во сопствениот дом.

Ла Тоја Џексон / EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Веднаш штом ќе ја погледнете Ла Тоја Џексон (64), ќе сфатите дека таа направила многу пластични корекции, во кои спаѓаат, меѓу другото, операција на носот и зголемување на градите. Хирурзите и ја намалиле и затегнале брадата, и ги „средиле образите“, и ги подигнале веѓите

Мајкл Џексон со сестрите Ла Тоја (лево) и Џенет (десно) / Фото: EPA/ED SOUZA

Последиците од пластичната хирургија се фрапантни, а за жал, склоноста кон неизмерни, па дури и рекордни бројни естетски корекции не е реткост во нејзиното семејство. Но, тоа е далеку од најголемите проблеми на Џексонови.

Ла Тоја зборуваше за овие најтешки проблеми уште во 1991 година во една телевизиска емисија, а јавноста често се потсетува на нејзиното признание.

Фото: Профимедиа

Пејачката откри дека нејзиниот татко Џо, кој почина во јуни 2018 година, сексуално ги злоставувал и неа и нејзината шестгодишна сестра Реби, како и дека нивната мајка Кетрин знаела сè за тоа.

„Кога твојот татко станува од креветот кој го дели со твојата мајка и легнува со својата ќерка, а ја слушаш својата мајка како вели:„ Не, Џо, не вечерва, таа е уморна, остави ја нека одмори“, тоа ве полудува“, изјави пејачката која имала 11 години кога започнала ужасната низа настани и која подоцна била жртва на злоупотреба.

Џо Џексон /  EPA/Jens Kalaene

Животот не и олеснил па така таа подоцна трпела злоставување и од неколку нејзини партнери кои ја принудувале да снима еротски филмови.

Семејството Џексон се чинеше дека е само среќно семејство со многу талентирани деца на почетокот на неговното пробивање на јавната сцена. Но со тек на времето, се дозна дека Џозеф Волтер, нивниот татко, кој работел како менаџер за таленти, бил вистински деспот и злоставувач. Тој беше татко на пет деца.

Џозеф и Мајкл Џексон / EPA/ERIC NEITZEL – POOL

Покрај Ла Тоја, која се прослави во 1984 година со хитот „Heart Don’t Lie“, со пеење се занимава и нејзината сестра Џенет Џексон. Ла Тоја по успехот паузираше, а потоа се врати на сцената во 2000 година.

Ла Тоја Џексон / EPA/JENS KALAENE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот