Сервер: Приштина и Тирана треба да ја заборават идејата за „Голема Албанија”

Еден од најистакнатите познавачи на Балканот во Вашингтон, Даниел Сервер учествуваше на конференцијата „САД на Западен Балкан”, каде нагласи дека Албанија и Косово треба целосно да заборават на идејата за „Голема Албанија”, бидејќи тоа може да има дестабилизирачки и катастрофални последици.

Американскиот експерт за Балканот, во однос на одлуката од 18 октомври во врска со преговорите, истакна дека Франција и Холандија треба да се засрамат поради својот став кон Северна Македонија и Албанија, додавајќи дека тоа не треба да ја спречи Тирана да напредува и да продолжи да инсистира на членство.

– Оваа држава постигна фантастичен напредок, членка е на НАТО и кандидат за членство во ЕУ. Пред 22 години земјата беше во хаос, следејќи ги пирамидалните шеми. Тргнавте кон спектакуларен економски развој и ги исполнивте критериумите за отворање преговори, но политичките околности тоа го спречија. Франција и Холандија треба да се засрамат од тоа што им го направија на Северна Македонија и на Албанија – изјави Сервер.

Прочитајте и...  Спасовски вети јакнење на претприемачкиот дух и креативноста кај младите

Тој прашува „како да се одговори на големото доцнење во препознавањето на достигнувањата на кои Скопје и Тирана се гордеат”.

– Разбирам дека сте разочарани и фрустрирани, но тоа нема да ве придвижи напред. Одговорот е во посветеност кон реформите, вие и понатаму сте кандидат кој може да напредува дури и без т.н. преговори. Тие не треба да го одложуваат спроведувањето на европската правна рамка. Поголема корист има од реформите кои ќе се спроведат. Ова доцнење ќе го одложи евентуалниот влез, кој секако нема да се случи уште долги години – додадва Сервер.

Експертот смета дека „постојат две главни прашања, владеење на законот и политичко однесување”.

– Уморни сме од оние кои проповедаат владеење на законот, тоа ви е потребно не поради нас туку поради вас, вашите институции ќе бидат подобри, но ви недостасува култура на законитост, не е лесно и признавам дека и во Америка има недостатоци, но владеењето на законот мора да преовлада – заклучува Сервер.

Прочитајте и...  Николоски: Изградба на автопатот од Градско преку Прилеп до Битола и грчката граница

– Прашање е дали Албанците ќе живеат во шест различни балкански земји или ќе се оспори територијалниот договор? Албанија и Косово ќе треба да бараат промена на границите. Вашингтон и Берлин тоа никогаш нема да го прифтат, би имало катастрофални и дестабилизирачки последици. Албанија и Косово мора да се погрижат за своите внатрешни проблеми за да одржат добри односи и да негуваат добри односи со Албанците кои живеат во другите држави. Франција и Холандија не можат да ве спречат да создадете таква Албанија и се надевам дека ќе направите вистински и мудар избор – нагласи Даниел Сервер.

Прочитај повеќе

Воведени три нови типови инсулин кои не се од паралелен увоз

МИА Агенција

Ѓукановиќ: Односите со Белград не се добри

МИА Агенција

Николоска: На 15 јули ти одлучуваш, избери иднина

МИА Агенција

Во Индија рекорден пораст на новозаразени со коронавирусот

МИА Агенција

Отец Партениј хиротонисан за нов епископ на МПЦ-ОА

МИА Агенција

Николовски: На 15 јули одлучуваме за нашата иднина

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Спасовски од Куманово: Излезете на гласање безбедно е, изберете сигурност

МИА Агенција

Пандемијата на коронавирусот во светот не слабее

МИА Агенција

Нови „бомби“ за Мицкоски, ги убедувал независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат за законот за ОЈО

Слободен печат

Димковски: Консолидација на земјоделско земјиште е државна политика

МИА Агенција

Реконструирана улицата „Александар Урдаревски” во Бутел

МИА Агенција

Во Мексико, повеќе од 6.000 новозаразени со Ковид-19

МИА Агенција