Серолошките тестови покажаа дури 30 отсто од населението на Њу Делхи имало коронавирус

epa08565758 Indian medical personnel collects swab samples for coronavirus COVID-19 Rapid Antigen detection tests in Noida, Uttar Pradesh, India 25 July 2020. Uttar Pradesh government imposed lockdown for weekend to curb the spread of COVID-19 disease. EPA-EFE/HARISH TYAGI

Починати, во последните 24 часа има 977 лица, а од почетокот на пандемијата 53.866.

Речиси 30 отсто од населението на индиската престолнина Њу Делхи веројатно е заразено од коронавирус, произлезе од серолошкото тестирање на 150 илијади жители на Њу Делхи, кое го спроведе локалната власт, што покажува дека бројот на заразени е многу поголем од оваа официјална бројка.

Во рамки на истражувањата спроведени се тестови на антитела на жителите на Њу Делхи во текот на првата недела од август, рече министерот за здравство на Њу Делхи Сатиендра Џаин.

„Утврдивме дека 29,1 отсто од населението на Њу Делхи има антитела, што значи дека биле заразени или излечени“, реча Џаин.

Делхи има 20 милиони жители, а според официјалните бројки во градот од коронавирус се заразиле 140.767 лица, од вкупно 2,84 милиони заразени во цела Индија.

Резултатите од истражувањата се поклопуваат со истражувањата спроведени во другите градови, како Мумбаи и Пуне.

Денеска во земјата се потврдени 69.652 случаи од зараза, покажуваат податоците на сојузното министерство за здравство.

Починати, во последните 24 часа има 977 лица, а од почетокот на пандемијата 53.866.

Индија е во апсолутни бројки трета најтешко погодена земја од коронавирусот на светот, зад САД и Бразил.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот