Сериозни обвинувања, Мбапе намерно прави проблеми во ПСЖ

Мбапе и Нејмар/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Поголем дел од француските медиуми и навивачите на ПСЖ се огорчени на однесувањето на Килијан Мбапе.

Откако Мбапе го нарече Нејмар „клошар“ кој никогаш не му ја додава топката, се појавија обвинувања дека францускиот репрезентативец намерно прави конфликти во екипата за да може уште во зимскиот проден рок да се пресели во Реал Мадрид.

Сепак, шансите тоа да се случи во јануари идната година се многу мали бидејќи ПСЖ летово одби понуда тешка 180 милиони евра од Реал Мадрид.
По ремито на Реал Мадрид со Виљареал во последното коло од Ла Лига, претседателот на клубот Флорентино Перез потврди дека клубот ќе биде посилен за Мбапе.

Самиот фудбалер на ПСЖ е нервозен, а воедно е и лут на „светците“ кои не ја прифатија понудата од Реал Мадрид, по што потоа ја одби понудата од францускиот тим за нов договор кој ќе му носеше 50 милиони евра годишно со бонусите.

Клубот се обиде да го намали притисокот пред вечерашниот натпревар со Манчестер сити во Лигата на шампионите со тоа што објави фотографии на кои Мбапе и Нејмар се смеат.
Навивачите на ПСЖ го освиркуваат Мбапе на секој натпревар иако има постигнато повеќе голови од Нејмар сезонава, а згора на тоа игра подобро од Бразилецот.

Француската јавност исто така му е лута на Мбапе што сака да си замине од „Паркот на принцевите“, па поради објавија дека тој намерно предизвикува проблеми во тимот со цел што побрзо да си замине од клубот.

Перез до навивачите: Следната година Мбапе е наш

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот