Сериозна ситуација со заразените со Ковид-19 и во Црна Гора

Фото: EPA/ Boris Pejovic

Лабораторијата на Институтот за јавно здравје на Црна Гора анализирала 468 примероци од кои 58 биле позитивни на новиот коронавирус.

– Во Црна Гора имаме сериозна ситуација, со сериозен број на заболени, изјави директорот на Институтот за јавно здравје и член на Националното координативно тело, Бобан Мугоша.

Тој истакна дека таквата ситуација е очекувана по епидемиолошкото „затишје”.

Од почетокот на јуни вкупниот број на регистрирани случаи изнесува 753, а потврдени се 10 починати лица. Бројот на моментно активните случаи е 733 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот