„Сериозен раст“ за заболени со ковид-19: Русија тренира хибридна раса на кучиња за детекција на инфицирани лица

Фото: ct24.ceskatelevize.cz

Потпретседателката на руската влада за здравство, Татјана Голикова призна за „сериозниот пораст“ на бројот на заразени со коронавирус во Русија, но истовремено тврди дека нејзината земја е подготвена да се соочи со предизвикот, пренесе агенцијата Хина.

– Последните две недели го следиме порастот на нови случаи на ковид-19. Тоа е сериозен пораст“, истакна Голикова на прес-конференција во Москва, објавиТВ Русија 24.

Денеска во Русија се забележани 9.412 случаи на ковид-19 и 186 смртни исходи за последните 24 часа, што е најголем број од 23 мај.

– Но, ситуацијата е поинаква од онаа на почетокот на пандемијата во март и во април. Докторите се подготвени, болничките капацитети се подготвени, имаме доволни количини на заштитна опрема и лекови, смирува Голикова.

Таа апелира до Русите да ги почитуваат мерките социјална дистанца и носење на заштитни маски.

– Немаме избор. Или ќе почитуваме сигурносни мерки што ги одредуваат докторите или ќе воведеме мерки за ограничување на движењето што не сакаме, ниту имаме намера да го преземеме, нагласи таа.

Голикова денеска присуствуваше на промоција на проект на државната авиокомпанија Аерофлот која почна со обука на кучиња кои можат да откријат коронавирус.

Петнаесетина кучиња од расата шалајка (хибрид од шакал и лајка што важи за сибирска ловечка раса која е создадена пред две години) кои имаат посебно истакнато чувство за мирис од јуни се наоѓаат во тренажен процес за откривање на позитивни лица со ковид-19.

– Тие примероци содржат мал број на ДНК на ковид-19 кои имаат специфичен мирис“, објасни генералниот директор на Аерофлот, Виталиј Савељев.

Кучињата ќе може да намирисаат инфициран со ковид-19 со мирис на заштитната маска на патниците или со примерок од нивна плунка. Притоа прецизира дека првичните резултати од проектот ќе бидат познати во декември.

Во Русија во август починаа 151.181 лице што е 9,6 отсто или 13.787 повеќе за разлика од 2019 година, објави денеска руската канцеларија за статистика. Од тие, 7.463 случаи се поврзани со ковид-19 додека вирусот беше главна причина за смрт на 3.863 пациенти, дополни РОСТАТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот